Како да објавите оглас?
Објавувањето оглас на OglasiSe.mk е брзо, едноставно и целосно бесплатно.
Со само неколку чекори, Вашиот оглас ќе биде достапен за илјадници потенцијални купувачи.
Следете ги овие чекори:
- Најавете се на Вашата корисничка сметка.
- Кликнете на копчето „Објави оглас“.
- Изберете ја соодветната категорија што ви е потребна .
- Внесете наслов и детален опис на огласот.
- Додадете квалитетни фотографии (можете да прикачите 20 фотографии ).
- Внесете цена (изберете потребната валута Денари или Евро ), локација и останатите потребни информации.
- Пред да го овјавите огластот ве молиме проверете ги внесените податоци.
- Кликнете на „Испрати“.
По поднесувањето, Вашиот оглас ќе биде прегледан од администраторот на OglasiSe.mk за да се потврди дека е во согласност со Правилата за објавување огласи. По успешното одобрување, огласот ќе биде објавен на платформата и ќе биде видлив за сите посетители.
Совет
Квалитетниот оглас е првиот чекор до успешна продажба. Внесете точни и детални информации, поставете јасни фотографии со висок квалитет и изберете соодветна категорија. Колку попрецизно ја претставите Вашата понуда, толку се поголеми шансите да привлечете сериозни купувачи и да остварите успешна продажба.