• avtopromet.jpg
  • avtoservis stevo.jpg
  • nedviznostiprostor.jpg

Останати услуги - Argogen spray-sprej za rani

Објавено на September 5, 2017
Објавено од arsov
Гледано од 106 луѓе
#828
1150.00 Денари

Опис на предметот

ARGOGEN спреј со јонизирано сребро, микронизиран зеолит и алое вера, во вид на спреј.


Многу ефикасен препарат за декубитални рани (decubitus) и секаков вид на рани, чиреви и изгореници од секаков вид. Извонредно ефикасен препарат за многу тешки, досега неизлечиви рани.   Има пролиферативно дејство односно го обновува ткивото. Има антиинфламаторно дејство односно многу брзо и за кратко време го намалува воспалителниот процес на раната. Среброто со своето антибактериско дејство уништува 99,9% од бактериите и со тоа овозможува раната многу брзо да се затвори. Заедно со докажаните позитивни својства на зеолитот и алое верата раната за многу кратко време се затвара и санира.


Поради уникатната технологија Аргоген спрејот останува стерилен и кога се употребува повеќе пати. Со самото нанесување на препаратот на раната, истиот создава чиста локална средина во и околу раната со што раната се затвара многу брзо. Сребрените јони ја спречуваат микробиолошката контаминација на раната. Значително ја забрзува регенерацијата и создавање на ткиво и кожа.


Овој препарат според многубројните клинички испитувања нема несакани ефекти.Овој препарат не содржи животински остатоци или остатоци од храна.


 


Аргоген спрејот ефикасно ги затвара следните видиви рани:


* Декубитални рани (decubitus)


* Рани предизвикани од гребнатини


* Изгореници од секаков вид


* Лацерации


* Чиреви


*Брадавици


* Секаков вид на воспалителен процес на кожа


* Габични инфекции на кожа


* Бактериски инфекции на кожа


*Надворешни Хемороиди


 


Индикации:


Минерален прав на база на силикати со апсорбирачки карактеристики, кој содржи 3% јонизирано сребро. Нанесувањето на препаратот овозможува чиста локална антибактериска средина и не овозможува бактериска контаминација на истата.


 


Начин на употреба:


Да се протресе добро пред употреба. Да се прска држејќи го спрејот во вертикална положба. Лесно да се притисне вентилот за арогација насочувајќи го во правец на раната.По првата употреба спрејот да се чува во обрната положба,капачето долу дното горе. За полесни рани препорачливо е едно прскање на ден. За поголеми и подлабоки рани се препорачува две прскања на ден. Препаратот се користи само за надворешна употреба.


Спреј под притисок, да се чува подалеку од сончева светлина и извори на топлина. Ако при прскањето препаратот отиде во очи, треба веднаш да се измијат очите.Ако дојде до инхалација, треба се исплакне устата со вода и да се пие многу вода.


 


:Каде во медицината се употребува Аргоген спрејот


* Интензивна нега


* Геријатрија


* Општа медицина


* Дерматологија


* Ангологија


* Општа хирургија


* Васкуларна хирургија


* Пластична и реконструктивна хирургија


* Ортопедија


* Геникологија


* Медицина за физичка рехабилитација


 


Аргоген спреј е медицинско помагало кое што самиот пациент може да го користи без помош на лекар. Аргоген спреј од аптека може да се купи без рецепт.


Состав:


100гр. микронизиран прашок содржи:


* Микронизиран зеолит 96,5гр.


* Јонизирано сребро 3гр.


* Алое вера 0,5гр.


Меѓународната стручна литература покажува дека кај постари пациени со рани лекувањето и заздравувањето на раната 5-6 пати подолго за разлика од помлади пациенти. Главни причина за тоа се висок притисок и промени во метаболизмот.


Декубитални рани (decubitus):


Најтешкиот вид на рана е декубитусот. Аргоген спрејот е единствено медицинско помагало во моментот во светот, кое може многу ефикасно и за многу кратко време коплетна да излекува и да санира рана од ваков вид.


 


МЕДИКОН ДООЕЛ - Увозник и дистрибутер во Република Македонија


Скопје, Р. Македонија


ул. Борис Трајковски 7 бр. 85


Тел:+389 2 3113 176


e-mail: medikon1@gmail.com

Локација

Држава
Macedonia
Регион
cela Makedonija
Град
skopje