• avtopromet001.jpg
  • avtoservis stevo.jpg
  • nedviznostiprostor.jpg
  • 69990012_108127487246002_6285010976370589696_o.jpg
  • eulogo.jpg

Ресторан - Прехрамбено - Био Комерц Струмица Без Конкуренциа

Објавено на May 26, 2016
Изменет на May 29, 2016
Објавено од BioKomerc
Гледано од 593 луѓе

Опис на предметот


Нашата фирма Био-Комерц е формирана во 1991 год. и од првиот ден работи исклучиво на производство и промет со здрава храна.


Почнавме со продавница за здрава храна,потоа мала фурна на дрва за производство на интегрален `ржов леб и диетални печива, а извесно време држевме и мал ресторант за здрава храна.


Од пред 8 год. (2003 год.)работиме во нов објект со поголеми просторни и технички можности, но притоа го задржавме традиционалниот начин на печење со отпадно дрво.


Оваа дваесет годишна традиција и искуство со здравата храна резултира во определба да се зафатиме со производство на органски кондиторски производи кои во моментот како асортиман ги имаме осум а работиме и на нови артикли.


За да го постигнеме биолошкиот квалитет на храната,кој се состои во тоа да во истата се запази природниот нутритивен баланс и чистота,нашето работење го базиравме на  пет принципи:


1. Сите сировини да бидат од органско потекло-со сертификат и целовити,односно 100% интегрални.


2. Брашното да се мели на воденица поради големото загревање во млиновите.


3. Да не се користат никакви додатоци како што се емулгатори,конзерванси,нараснувачи,бои,ароми и др.,па макар да се и од органско потекло.


4. Да се користи изворска нетретирана вода


5. Печењето да биде на природен начин – со отпадно дрво.


Од тие причини нашиот капацитет во моментот е ограничен на 150.000 производи месечно (сто грамски пакувања),но нашите планови се во најскоро време да го прошириме и асортиманот и капацитетот,бидејќи сме свесни дека светот нема алтернатива освен да и се врати на природата. Во спротивно ќе продолжи ширењето на дегенеративните болести како резултат на индустриската храна со многу хемија,односно со многу отрови во неа. Впрочем тоа е веќе потврдено и во сите научни истражувања во таа област.





Нашите производи може да ги најдете во долу наведените Продажни места :


  1. Strumica: Nis site prodazni mesta

  2. Radovis: udobs, niko-prom, mbm, luna, makom tref, pirin, kit-go i tera marketi, sloga

  3. Stip: kit-go i tera marketi, zendolino, edze, goko, nik tekstil

  4. Valandovo: goran prom, proval, bet don

  5. Bogdanci: rikson, kum

  6. Gevgelija: kit go, pik prom, bek komerc, armani, sarita, aldi marketi, ruse komerc, mi-ma donka, gushev

  7. Negotino: market dijana i kit go

  8. Kavadarci: mineks, market dijana, kit go

  9. Prilep: burbon, pano market,vitalis, hadzi zdravev, da-di komerc, sope kompani, makedonska zora, irneks, karapandza mita, futura, burbon, turbo, nova plus, bonita nine,

  10. Skopje: vero, ramstor, reptil, zegin

  11. Ohrid: Tamaro Marketi , Rasmtor , Market In , Tedi Market ....






Наш Веб Портал

Следете не на Фејсбук



 

Локација

Држава
Macedonia
Регион
Југоисточен регион
Град
Струмица
Адреса
Индустријска Зона Север бб Добрејци